Кацин: Не ми се познати никакви нови услови од страна на Германија за Србија

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин денеска изјави дека не му е познато оти постојат некакви нови германски услови за натамошната евроинтеграција на Србија, нагласувајќи дека искрено верува оти и ги нема.

– Не ми се познати никакви нови услови од страна на Германија. Условите ги поставува Европската комисија и сметам дека Србија од своја страна покажа дека е доследна. Ова е непотребно драматизирање, истакна Кацин.

Тој по средбата со српскиот министер без ресор задолжен за евроинтеграции Бранко Ружиќ и со шефот на српскиот преговарачки тим со ЕУ, Тања Мишчевиќ, порача дека Србија треба да верува во своите капацитети, да има самодоверба и да не се прашува секое утро за нови услови.

На прашањето дали е вистина дека првите поглавја кои ќе мораат да бидат отворени и затворени се 23, 24 и 35, кое се однесуваат на Косово, Кацин одговори дека „уште пред една година е договорено преговорите за Косово да бидат неутрални“.

– Не можеме пред да ги отвориме преговорите за што било друго, да го отвориме поглавјето 35 и да расправаме за Косово, додаде Кацин.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on