Ковачевски и Ахмети до крајот на неделава ќе се договорат, дали одат во коалиција или самостојно на избори

Од:

Претседателите на СДСМ и ДУИ, Димитар Ковачевски и Али Ахмети до крајот на оваа недела ќе донесат одлука, дали ќе има предизборна коалиција или пак ќе имаат самостоен настап на двојните избори кои следуваат. Според информациите на А1он, во игра се двете опции, па затоа и не е донесена конечната одлука за претседателски кандидат од двете страни, но и за кандидатските листи за парламентарните избори.

Во игра според изворите на А1он се повеќе имиња, а ДУИ веќе размислува дали за самостоен настап да го кандидира министерот за надворешни работи, Бујар Османи или пак поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, како најсоодветни кадри, бидејќи едниот во своето портфолио го има претседавањето со ОБСЕ, додека пак другиот зад себе има мирен градоначалнички мандат без крупни афери. Ахмети, за кој А1он објави дека размислува самиот да се најде на избирачкото ливче на претседателските избори, се премислува и наместо тоа, повторно ќе биде кандидат за пратеник. Многу е веројатно во комбинација на заеднички настап, СДСМ да го предложи актуелниот претседател Стево Пендаровски за нов мандат, бидејќи тој на претходните избори беше консензуален кандидат на нивната партија и на коалициониот партнер ДУИ.

Доколку се оди на заеднички изборни листи, не се исклучува можноста за двојни носители, што беше случај минатите избори, на листите на СДСМ. Во заеднички настап, тоа би значело еден носител од СДСМ и еден од ДУИ во изборните единици како што е на пример петката. До средбата Ковачевски-Ахмети, останува отворена и можноста за заеднички настап на парламентарните избори и посебен настап на претседателските, односно во прв круг ДУИ да излезе со свој кандидат, а во втор круг да даде поддршка на кандидатот кој ќе излезе од редовите на СДСМ.

Изворите на А1он велат и дека останува отворена можноста во оваа коалиција да влезе и Алијансата за Албанците, но онаа предводена од Зијадин Села. Иако оттаму велат дека партијата се одлучила за самостоен настап на изборите, тоа не значи дека нема можност за заеднички настап, во случај да добијат „понуда која не може да се одбие“.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

(ВИДЕО) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата