Директорите на ДУИ за кои Меџити вчера кажа дека се на боледување, се „разболеле“ по директива на Груби

Од:

Директорите на ДУИ за кои министерот за здравство во заминување, Фатмир Меџити вчера кажа дека се на боледување или користат годишен одмор, по директива на вицепремиерот Арган Груби го „заобиколувале“ Меџити за да не донесе евентуална одлука за нивно менување. Ова го покажува вибер комуникацијата во група насловен „Функционери на ДУИ“, во која Груби им пишува да искористат се што можат или едноставно да не ја прифаќаат одлуката од Меџити, доколку има таква.

„Почитувани, ниту еден наш директор за здравство НЕ прифаќа никакво решение на министерот во заминување Фатмир Меџити, доколку му треба годишен одмор, боледување или едноставно не ја прифаќа евентуалната одлука на министерот“ се вели во пораката на Груби.

Вчера пак, Меџити негираше дека додека е министер нема да ги разреши организациските директори во клиниките иако се од партијата ДУИ. Тој потврди дека дел од нив се на боледување, бидејќи им било кажано дека ќе бидат разрешени, а најавите, според него, станува збор за политички провокации.

Во меѓувреме, денеска на пленарна седница треба да бидат разрешени министрите за здравство и информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу, откако вчера техничкиот премиер Талат Џафери го достави предлогот до претседателот на Собранието, Јован Митрески.

На нивно место доаѓаат предлози од крилото на Зијадин Села во Алијансата за Албанците, Илир Демири на позицијата министер за здравство и Наим Бајрами за министер за информатичко општество и администрација.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

ВЛЕН: ДУИ е последната партија што треба да зборува за ЕУ

Адеми: Европската Комисија ни даде најслаби оценки, такви не сме добиле во последните десет години

Влен: НАИ сè уште е во изборен молк

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември