Маричиќ и Османи од Брисел: Позитивниот моментум за проширување во ЕУ е шанса која Македонија не смее да ја пропушти

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ заедно со Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу – Халили, денес престојуваат во Брисел на последните билатерални скрининг состаноци за поглавје 31 „Заедничката надворешна и безбедносна политика„ од Кластер 6 со што скрининг процесот за Северна Македонија ќе биде официјално завршен.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ го отвори состанокот заблагодарувајќи им се на претставниците на Европската комисија, министерот за надворешни работи, на делегацијата Република Северна Македонија, и на членовите на Работната група за Поглавје 31: Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, потенцирајќи ја важноста и успешното завршување на сеопфатниот циклус на билатералните состаноци кои се иницирани од 2019 година и дека овој процес е за пофалба, нагласувајќи ја колективната решителност за унапредување на интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија.

– Ние гледаме напред кон позитивниот моментум на нашиот евроинтегративен пат. Минатата година за нас беше клучна, полна предизвици, истовремено важна и со успеси, започнувајќи од усвојувањето на Преговарачката рамка се до крајот на Скрининг состаноците.

Во својот говор Маричиќ ја потенцираше посветеноста на Северна Македонија во тековните преговори за усогласување на нејзините политики со оние на Европската Унија, преку постојан ангажман во политичките дијалози, нашата држава е фокусирана на демонстрација на одговорност, решителност, учество како и е важен чинител во регионот на Западен Балкан, регионот и меѓународната сцена како што беше забележано минатата недела во главниот град на нашата земја.

-Вреди да се напомени дека Република Северна Македонија активно се вклучува во редовните политички дијалози за прашања од надворешната и безбедносната политика на сите нивоа, тесно соработува со Европската Унија и другите партнери од Западен Балкан, како држава не само што го прифаќаме, туку и целосно го поддржуваме Acquis наведено во Агендата за ова Поглавје, што сигнализира силна посветеност за усогласување на политиките со европските стандарди- потенцираше Маричиќ.

Свое воведно обраќање на скрининг состанокот за Поглавје 31: Надворешна, безбедносна и одбрана политика имаше и Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој меѓу другото истакна дека “Доколку не ги усвоиме уставните измени, нашиот европристапен пат ќе запре вештачки. Тоа ќе биде историски испуштена шанса во оваа геополитичка ситуација во Унијата кога проширувањето е приоритет и геостратешка неопходност.

Затоа, повторно упатувам повик да го обезбедиме потребното мнозинство во Собранието за да ја оствариме целта, која е од стратешко државно значење и е аспирација на мнозинството наши граѓани за припадност во евро-атлантското семејство, која ниту една партија не може да ја игнорира особено ако претендира да предводи идна Влада”, предочи Османи.

Македонската делегација за оваа поглавје го сочинуваат претставници на Секретаријатот за европски прашања, министерството за одбрана, министерството за надворешни работи.

Скрининг процесот за Република Северна Македонија започна на 15 септември 2022 и се одвиваше успешно и со динамиката која беше воспоставена, а досега се одржани објаснувачки и билатерални скрининг состаноци, за сите 33 поглавја кои се поделени во 6 кластери. Со затворањето на овие поглавја скрининг процесот за Република Северна Македонија ќе биде официјално завршен.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Маричиќ: СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

Османи: Слоганите на ВМРО-ДПМНЕ се обид да се омаловажи достоинството на секој Албанец

Орце Костов