„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

Од:

Европската унија подготвува посебни патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија, со кои на овие четири земји би им се обезбедиле појасни рокови и услови за напредок кон членство, објави бриселскиот портал „Политико“, повикувајќи се на двајца високи претставници на Европската комисија.

Според нивните изјави, патоказите треба да го забрзаат повеќедеценискиот процес на проширување и попрецизно да ги дефинираат реформите што треба да ги спроведе секоја од четирите земји, како и приближните рокови за завршување на преговарачките поглавја, односно кластери.

Претставниците наведоа дека плановите би претставувале еден вид гаранција оти земјите ќе бидат примени во ЕУ доколку ги спроведат клучните реформи, при што би биле утврдени и индикативни рокови за завршување на преговорите.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати