Триесетдневен притвор за осомничените за грабнувањето на Вања

Од:

Судија на претходна постапка определи триесетдневен притвор за тројцата осомничени за грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски.

Притворот доаѓа по барање на скопското обвинителство, кое покрена истрага за тројцата притворени и првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, кој избега од Македонија, но беше најден во Турција.

Освен нив, триесетдневен притвор доби и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кого обвинителството го сомничи дека давал информации каде и во кој момент се движи неговата ќерка.

Откако ќе се врати во земјава, тој веднаш заминува во притвор, бидејќи таква мерка во отсуство му има определено судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Осум дена притвор за полицаец од Скопје кој присвои пари кои беа платени од граѓаните за сообраќаен прекршок

Притворена е жената која незаконски наплаќаше влез во заштитениот локалитет „Куклица“

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Поранешна британска министерка е убиена со 21 удар со чекан во глава

А1он

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он