Интерпол распиша меѓународна потерница за Вања: МВР формира специјален штаб, потрагата трае

Од:

Интерпол распиша меѓународна потерница за исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, по која се трага трет ден, а МВР формираше и специјален штаб.

Министерството за внатрешни работи се уште трага по 14 годишната Вања Ѓорчевска која исчезна во понеделникот наутро на пат кон училиштето Песталоци.

Од таму за А1он велат дека не е точна веста објавена на некои портали дека била најдена во соседна држава, а потрагата се уште трае. МВР продолжи со распит на сите лица кои биле блиски со Вања, се проверува нејзиниот компјутер, се гледаат надзорни камери и во потрагата се вклучени и кучиња трагачи.

Вања Ѓорчевска е пријавена како исчезната откако утрото од дома заминала на училиште, каде не се појавила, по што беше пријавено во полиција и почна потрагата.

Последниот сигнал од нејзиниот мобилен телефон пак, беше лоциран на булевар Партизански одреди, спроти Универзалната сала.
Во потрагата освен полицијата се вклучија и граѓани, а фотографии со нејзиниот лик се залепени низ целиот центар на Скопје. Вчера во потрагата се вклучи и ловечката федерација, која ја бара Вања на непристапни места.

Регионот се крена на нозе по исчезнувањето на 14 годишната Вања. На социјалните мрежи се споделува фотографија од Вања со детален опис, упатена до сите во Србија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија и до сите луѓе кои би можеле да помогнат.

Од вчера официјално и фотографија на малолетната Вања е објавена и на сајтот на МВР во делот исчезнати лица.

„ ЃОРЧЕВСКА ВАЊА татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее.
Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје.
Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии.Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.“ стои во објавата на МВР.

Би можело да ве интересира

Стојков: Палчо ми кажа дека има некое велешко возило кое „се лепи за него, низ градот каде и да се движи“

Одбраната на дел од обвинетите за убиството на Вања и Панче смета дека не е јасно работењето на полицијата

Самарџиев: Манев кажа дека го убиле и закопале Панче, а во него пукал Љупчо Палевски

Каишиќ: Таткото на Вања се однесуваше чудно, Кешишов не однесе до местото каде беше закопано девојчето

Aдвокатот на Палчо вели: Нема можност обвинетиот Палевски да биде поврзан со конкретните кривични дела

Ќерката на убиениот Панче Жежовски не го познава обвинетиот Љупчо Палевски