На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

Од:

Жител (43) на скопското село Кондово е уапсен на граничниот премин „Долно Блаце“, при влез во Македонија.

За него се распишани две централни и меѓународни потерници, по наредби на Основниот кривичен суд Скопје.

Уапсениот Ф.Т. (43), беше баран за издржување две затворски казни од по осум години.

Според Министерството за внатрешни работи, едната потерница се однесува на казна затвор од осум години за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, предвидено во член 288, став 3 од Кривичниот законик.

Втората потерница е распишана за издржување осумгодишна затворска казна за кривично дело „тероризам“, според член 313 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам