Распишана централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова

Од:

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина двајцата од Кочани.

– Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик, велат од МВР.

Основниот суд во Кочани денеска издаде наредба за распишување на меѓународна потерница по Ива Михаилова која вчера замина во Бугарија, иако против неа во Македонија се води судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици.

Ива Михаилова, која во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, деновиве избега во Бугарија. Младата кочанчанка, која има и активно бугарско државјанство, се појави преку медиумите во Бугарија, по што беше утврдено дека на нелегален начин ја преминала македонската граница. Кочанскиот суд и има изречено мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за напуштање на државата, но поради нивно непочитување таа денеска доби триесетдневен притвор, што ќе се смета од моментот кога ќе биде приведена.

Македонското МВР претходно соопшти дека таа нелегално излегла од Македонија и нелегално влегла во Бугарија.

– Преку заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија – соопшти попладнево МВР.

Медиумите во Бугарија објавија дека Михаилова се наоѓа во Софија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Судот во Кочани нареди да се распише меѓународна потерница по Ива Михаилова

Горан Наумовски

Бугарскиот амбасадор повикан во Министерството за надворешни

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара пртивор за Ива Михаилова

Ковачев: Скопје нема основа да се жали на Бугарија во ЕУ за случајот со Ива Михаилова

Катерина Ѓуровски

Платформата 12:05 бара оставки од тројца министри за случајот со Ива Михаилова