Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Скопје на 30 ноември и на 1 декември ако Бугарија го отвори својот воздушен простор за руската делегација.

Лавров рече дека Македонија го поканила да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во која членуваат Канада и САД, во Скопје од 30 ноември до 1 декември.

„Очигледно Бугарија ѝ вети на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор – ако тоа се случи, тогаш ќе бидеме таму. Ајде да видиме“, рече Лавров на конференцијата „Примаковско читање“ во Москва, а пренесе Ројтерс.

„Веќе има и неколку барања за средби – вклучително и од западни претставници“, рече Лавров, по разговорот за средбата што ја имаше со американскиот државнен секретар Антони Блинкен на групацијата Г20 на индустријализираните и земјите во развој минатата година.

Лавров не кажа кој побарал средби.

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, овој месец рече дека очекува Блинкен да присуствува, заедно со министрите за надворешни работи на Британија, Канада, земјите од ЕУ и членките на НАТО алијансата, како и Украина.

Османи рече дека соседите на Македонија допрва треба да донесат конечна одлука за правилата за прелет на руската делегација затоа што Македонија ја тргна забраната за прелет на руски авиони со цел Лавров да пристигне на конференцијата на ОБСЕ.

„Се разбира, ќе се сретнеме со сите“, рече Лавров. „Ако некој ни пријде, никогаш не бегаме и не се криеме.

Бугарскиот воздушен простор е затворен за руските авиони како дел од санкциите на Европската унија воведени како одговор на руската интервенција во Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Москва не знае како Трамп ќе ја реши кризата во Украина

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Лавров: Зеленски нема да одлучува за преговорите

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Лавров: Ништо нема да се смени во украинската криза со доаѓањето на Трамп