(ВИДЕО) Марковски: Ми пречи што покажуваме непријателство кон Русија

Од:

Грција и Бугарија се непријатели на Македонија, но не се ниту главните непријатели, туку имаат ментори. Ова во интервју за А1он го вели инфектологот Вело Марковски, кој најави независна кандидатура за претстојните претседателски избори. Стратешки партнери гледа во Русија и САД, а во Европа како најголеми пријатели на Македонија ги гледа Србија и Турција.

„Ние покажуваме непријателство кон Русија и мене тоа ми смета, веројатно и на секој Македонец. Многу големи држави си седат неутрални, а ние забрануваме Лавров да слета, протеруваме руски дипломати, даваме изјави така лесно дека ќе одиме во Украина и ќе се бориме. Нема потреба бидејќи во моментот картите на светот се прекројуваат“, истакна Марковски.

Тој останува на ставот дека коронавирусите се лесни инфекции и немало потреба од карантинот кој беше воведен поради коронавирусот.

„Тврдам, корона инфекциите сами по себе се многу лесни. Ние всушност овие смртни случаи ќе ги имавме од горно респираторни инфекции од пневмонии ги има, само се препокрија, се ставија дека се од Ковид-19“, вели Марковски.

Целото интервју со првиот претседателски кандидат Вело Марковски во кое зборува за предметот против него, кандидатурата на изборите и како тој ќе се постави доколку стане шеф на државата, гледајте го утре во 10:30 часот на А1он.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје