Руските сили извршија масовен напад врз една од термоелектраните во сопственост на украинската енергетска компанија ДТЕК (DTEK), поради што постројката го запре производството на електрична енергија, соопшти денеска компанијата.
Опремата во постројката претрпела значителни оштетувања, се наведува во соопштението на ДТЕК објавено на Телеграм, за што извести „Укринформ“.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина од целосен обем, термоелектраните на ДТЕК биле цел на напади повеќе од 230 пати, соопшти компанијата.
Украинската агенција наведува дека пред неколку дена руските сили, користејќи беспилотни летала на млазен погон, извршиле напад врз енергетски објекти во Житомирската област.
