Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Од:

Финскиот премиер Петери Орпо во Киев изјави дека не треба да се склучуваат никакви договори за купување гас од Русија сè додека Москва ја продолжува војната во Украина.

Во Киев, Орпо разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на заедничка прес-конференција истакна дека Украина и Финска разговарале за можна соработка во областите на сателитските комуникации, енергетиката и логистиката, пренесе „Укринформ“.

Орпо и Зеленски разговараа за поддршката за Украина и за зајакнувањето на нејзината одбрана, како и за сателитските комуникации и проширувањето на соработката со финските компании „Нокиа“ (Nokia) и „Ајс-ај“ (ICEYE).

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година