Стојаноски: Власта до крај на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра, долгот ќе достигне 8.5 милијарди

Од:

Во текот на вчерашниот ден до пратениците беа доставени два закони со европско знаменце со кои Македонија ќе се задолжи за нови 190 милиони евра. Со овие средства нема да де изгради ништо ново, туку ќе се покриваат дупките во буџетот кои настанаа со недомаќинско работење. И во самиот материјал кој е доставен до пратениците пишува дека овие заеми се за буџетска поддршка вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

– Покрај овие две задолжувања, во текот на наредните неколку денови, до крајот на оваа година, Македонија ќе се задолжи за околу 500 милиони евра – нов долг, со што на крајот од 2023 година ќе имаме рекордно висок јавен долг од 8,5 милијарди евра. Кратко траеше славјето од Министерство за финансии за намалениот јавен долг. Она што сакам дополнително да го предочам е скандалозното однесување на Талат Џафери и владата. Имено, само еден ден по објавување на историски најлошиот извештај на Европската комисија за Македонија во кој јасно и недвосмислено е нотирано да се прекине со злоупотреба на европското знаме, за првпат во историјата на Собранието, закони за задолжување ќе се гледаат во Комисијата за европски прашања, наместо на Комисијата за финансирање и буџет, рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: СДС преку Кацарска врши опструкции со линеарното покачување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција