Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Од:

СДСМ и Венко Филипче напаѓаат сè што е добро за државата, вклучително и идејата за развој на индустријата со дата-центри, обвини денеска пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Според него, опозициската партија шири „лаги и хистерија“ околу проектите за дата-центри, користејќи аргументи кои, како што вели, датираат од пред повеќе од една деценија.

„Сега Македонија е пазарна економија и јасен е начинот на постигнување на цената на струјата и кој ја плаќа истата. Исто така, сега има низа начини за ладење на водата кои зависат од тоа за што се наменети дата-центрите. По овие прашања СДС само шири паника во јавноста“, рече Лефков.

Тој оцени дека СДСМ е против сè што, според него, може да придонесе за економскиот развој на земјата.

„Очигледно е дека СДС се против сè што е корисно за напредокот на државата или тие се против Македонија“, изјави Лефков.

Пратеникот го спореди пристапот на двете партии кон економскиот развој, обвинувајќи го СДСМ дека за време на своето владеење се залагал за развој на, како што ја нарече, „марихуана Македонија“.

„Од она што го гледавме во време на нивното владеење, тие знаат само за развој на марихуана Македонија. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ развива индустрии како онаа со дата-центрите, кои се иднината на Македонија“, рече Лефков.

Тој додаде дека индустријата со дата-центри, иако релативно нова, веќе е високо развиена во светот.

Лефков порача дека Владата нема да дозволи развојот на оваа индустрија негативно да влијае врз квалитетот на животот на граѓаните.

„При развојот на оваа индустрија Владата нема да дозволи тој развој да влијае на квалитетот на живот на граѓаните во негативна смисла, туку сосема спротивно“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он