Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Од:

Министерството за надворешни работи за потребите на самитот на ОБСЕ кој ќе се одржи во декември во Скопје, ќе издвои речиси еден милион евра за изнајмување на автомобили со кои ќе се возат министрите на земјите членки на оваа организација.

Договорот склучен во два дела е веќе објавен на електронскиот систем за јавни набавки, а компанијата „АБЦ Рент а кар турс ДООЕЛ Скопје“ ја понуди најниската цена за изнајмување на автомобили за министерскиот совет на ОБСЕ со кое годинава претседава Македонија, односно нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Во име на МНР тој склучил два договори, првиот за сума од 56.640.000 денари или околу 900.000 евра во времетрање од четири месеци, односно оваа набавката се прави исклучително за потребите на самиот на ОБСЕ. Вториот дел од договорот е околу 40.000 евра и наменет за една година за редовни потреби на министерството.

Во договорот кој е склучен со единствениот понудувач кој се јавил на тендерот, „АБЦ Рент“ треба да изнајми 175 возила, најголем дел од нив автомобили кои ќе се користат од седум до осум дена.

„Возилата треба да бидат во техничка исправна состојба, со репрезентативен ентериер и екстериер и со полн резервоар гориво. Изминатата
километража на ВИП патничките автомобили на денот на примопредавање (24 ноември 2023) не смее да биде поголема од 200.000 километри“, пишува во договорот на набавка.

Изнајмувањето на комбиња за осум патници и на минибус за 20 патници ќе чини дневно по 19.200 денари без ДДВ, односно до 29.000 денари на ден за ВИП автомобил кој според спецификациите на ОБСЕ треба има минимална ширина од 1.820 сантиметри и минимална должина од 4.767 сантиментри, зафатнина од минимум 1.600 кубици и моќност од најмалку 120 коњски сили. Ова возило мора да биде црно и да не е постаро од 2014-та година.

Пет милиони евра ќе ја чини државата конференцијата на ОБСЕ на која ќе гостуваат 70 министри.

Фирмата „Еуровиа“ од Тетово која е еден од донаторите на ДУИ, веќе доби 1,8 милиони евра за да ја подготви спортската арена „Борис Трајковски“ за големиот настан, додека 120.000 евра ќе добие агенцијата „Рејтинг“ која е редовен партнер на Владата и на министерствата кога треба да се промовираат институциите. Останатите средства од овие пет милиони ќе се потрошат за хотелско сместување на министрите и делегациите и на ВИП превоз.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ