Израелските напади врз Газа се еднакви на масакр, му рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на папата Франциско за време на телефонски разговор. Тој додаде дека молкот на меѓународната заедница е срамен, пишува Sky News. Ердоган вчера ја критикуваше и реакцијата на Западот на израелските напади. Тој во обраќањето пред претставниците на неговата партија во парламентот рече дека Хамас не е терористичка организација, туку група муџахедини кои ги бранат своите земји.
„Гаѓањето на нашите палестински браќа, вклучително и деца, пациенти и стари лица, дури и во училиштата, болниците и џамиите, е злосторство против човештвото. Солзите на Западот што се пролеа за Израел се манифестација на измама“, нагласи тој, додавајќи дека го откажал планираното посета на Израел.