Груби го осуди убиството на полицаецот: Меџити, Касами и Гаши откажаа прес-конференција поради ситуацијата на Косово

Од:

По министерот за надворешни работи Бујар Османи, и првиот вицепремиер Артан Груби го осуди убиството на припадник на полицијата на северот од Косово и изрази сочувство до семејството на загинатиот и апел за брзо пронаоѓање на сторителите и стабилизирање на ситуацијата.

Груби оцени дека нападот и убиството на косовскиот полицаец е „обид за поттикнување криза и конфликт со последици врз мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот регион“.

„Планираните дестабилизирачки случувања во северно Косово кон полицијата, државата и регионот се неприфатливи. Најостро го осудувам нападот врз косовските полициски сили во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку, а беа ранети и други во северно Косово. Апелирам на внимателност и зрелост, итно апсење на убијците, стабилизација на ситуацијата, одлучност за враќање на редот и законот и блиска координација со меѓународната заедница. Изразувам искрено сочувство до семејството Буњаку и на ранетите им посакувам брзо закрепнување, соопшти Груби.

Поради инцидентот во Косово најавената прес-конференција закажана за денеска попладне ја откажаа тројцата лидери на албанската опозиција Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

„Почитувани медиуми, поради настанатата ситуација на Северот на Косово, ја одложуваме денешната прес-конференција која планиравме да ја одржиме во 14 часот. Искрено ви се извинуваме, додека навреме ќе ве информираме за времето и датумот на следната прес-конференција“, напишаа тие.

Еден припадник на полицијата во Косово е убиен, а уште еден е ранет рано утрово во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско во Лепосавиќ, во северно Косово.

Би можело да ве интересира

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он

ВИДЕО: Поплави во Косово, блокирани патишта

Пукање во Будва, убиен е член на Шкаљарскиот клан

Горан Наумовски

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција

Полицаец убиен во пукотница во Делавер

Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј