(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Од:

Едно лице загина, а неколку се ранети во пукање што се случи утрово во департманот Ивелин, во западниот дел на парискиот регион, откако маж пукаше со автоматска пушка од возило во движење, јавуваат француските медиуми.

Според извори запознаени со случајот, осомничениот пукал од возило на улиците во градовите Трап и Ла Вериер, пренесува БФМ (BFM).

Мажот отвори оган на улица во Трап, во департманот Ивелин, користејќи автоматска пушка, при што усмрти едно лице, а рани неколку други, објавува весникот „Ле Паризиен“ (Le Parisien), потврдувајќи ги информациите на порталот „Акту17“ (Actu17).

Осомничениот е уапсен од страна на Бригадата за борба против криминалот (BAC), наведува весникот, додека телевизијата БФМ јавува дека тој бил фатен во градот Кониер.

Од префектурата во Ивелин соопштуваат дека службите за итни интервенции се на терен.

„Едно лице отвори оган од своето возило врз неколку луѓе на кои наиде во Трап и Ла Вериер. Со жалење информираме дека, во овој момент, едно лице е загинато“, напиша градоначалникот на градот, Али Рабе, на Фејсбук.

Според претходните извештаи, најмалку две лица се сериозно повредени, а вкупниот број на ранети би можел да биде и поголем.

Би можело да ве интересира

Бардела ги отфрли обвинувањата за расизам: Франција е меѓу најмалку расистичките земји во светот

(ВИДЕО) Речиси 300 повредени во протестите во Франција, блокирани 49 училишта

Горан Наумовски

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Франција: Полицијата тврди дека 600.000 граѓани се на улиците, додека синдикатите бројат 1,6 милиони луѓе

Горан Наумовски

Франција: 270.000 луѓе на улиците, универзитетите блокирани, запалени контејнери за ѓубре

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани