Државата издвои 16 милиони евра за учебници, а некои од нив ќе стигнат за Нова Година

Од:

Министерството за образование и наука склучи договори во вредност од 16 милиони евра за новите учебници за оваа и за следната училишна година, но учениците се уште не ги добиле учебниците и учат од помошни материјали опфаќаат само едно поглавје од наставниот материјал.

Училиштата се надеваат дека оваа година ќе се избегнат случаи од лани кога некои учебници стигнаа кај нив на почетокот од јуни, односно на крајот од школската година, но фаќаат прашина во училишните магацини затоа што во меѓувреме МОН ги повлече од употреба.

Тендерите за книгите за основно и средно образование за следните две години се тешки 16,5 милиони евра и во оваа сума е вклучено превод, печатење и дистрибуција. Според податоците од Бирото за јавни набавки државата ќе плати многу повеќе за печатење годинава отколку за учебната 2022/23 кога МОН потроши 5,5 милиони евра.

Националната комисија за учебници сѐ уште работи на одобрување на нови учебници и некои ќе стигнат дури на крајот на декември колку што е и утврдениот рок во тендерот за печатење на истите.

Најголемата печатница во Македонија, „Европа 92 Кочани“ ќе заработи 11 милиони евра како носител на тендерите за печатење и дистрибуција и таа е должна да ги испечати учебниците најдоцна до 1 ноември. Оваа компанија е во сопственост на поранешниот пратеник и градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ратко Димитровски.

Вториот тендер го доби „Арс Студио Тамара“ и тој е наменет е за превод на учебниците од македонски на другите јазици на малцинствата. Неговата вкупна вредност за сите пет дела од набавката изнесува 5, 2 милиони евра.

Додека ги чекаат учебниците, учениците од четврто, петто и шесто одделение треба да ги користат дигиталните учебници кои се закачени на платформата на Бирото за развој на образованието. Учениците од четврто и петто ги добија најголемиот дел од материјалите, но учениците од шесто одделение немаат ниту еден од десетте потребни учебници.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

Влада: Обезбедена е навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

Јаневска: Освен за странски јазици, учебници на 1 септември ќе има и дистрибуцијата веќе почна

Горан Наумовски

Јаневска: Ќе има учебници, освен за странски јазик

Седмоодделенците од септември ќе учат од учебниците што се користат досега

Горан Наумовски