Неспособноста на Љупчо Николовски и Николче Бабовски излегува на површина. Африканската свинска чума е регистрирана во свињарска фарма Овчеполка Агриа, Општина Карбинци уште пред 8 дена, а АХВ и понатаму продолжува да молчи вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Осми ден свињите на фармата се оставени на милост и немилост, Осми ден постои сериозна закана болеста да се прошири насекаде ширум државата, а надлежни институции не преземаат ништо. Африканската свинска чума се шири со епидемична бризна, речиси 10.000 свињи ќе бидат уништени, а Бабовски наместо да се затскрива позади соопштенијата на АХВ, веднаш да излезе и да одговори:Дали е свикан Националниот центар за контрола на болести и дали е одржан координативен состанок за оваа состојба? Кои мерки за сузбивање и искоренување на болеста ги има спроведено Локалниот центар за контрола на болести во изминатите 8 дена? Дали е направен план за депопулација на одгледувалиштето? Дали во одгледувалиштето има смртност и кој е процентот на угинати животни од моментот на прогласување на жариштето?-Колку животни се угинати и каде се отстранети тие лешеви?- Дали е извршено епидемиолошко истражување и дали од заразеното одгледувалиште по изрекување на забраната за движење има пратено свињи за колење праша Трипуновски.