Државата не ја заузда болеста, африканска чума кај свињите се рашири од Делчево до Липково

Од:

Несовесни одгледувачи ја шират болеста, пцовисаните свињи ги оставаат на депонии место да ги пријават, алармира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во изјава за „А1он“ по појавата на африканска чума и во Кумановско. Болеста кај свињите викендов лабораториски е потврдена во одгледувачница во Долно Коњари. Неколку дена претходно африканска чума беше регистрирана и во Липково.

По првиот регистриран случај во Делчевско во јануари годинава, африканска чума е регистрирана на територијата на уште осум општини

„На крајот од септември болеста беше потврдена кај домашни пцовисани свињи, кои беа пронајдени на депонија во близина на с. Липково. Станува збор за втор случај, каде што АХВ констатира дека несовесни одгледувачи на свињи, наместо да го пријават пцовисувањето на животните кај официјалниот ветеринар, на небезбеден начин ги остават пцовисаните свињи и овозможуваат ширење на болеста, што е казниво според Кривичниот законик. Првиот ваков случај е откриен во село Обозна, општина Виница. Во двата случаја АХВ зеде мостри за лабораториско тестирање, ја потврди болеста, нештетно ги отстрани пцовисаните животни и спроведе дезинфекција “, велат од Агенцијата за „А1он“.

Болеста се шири и покрај тоа што Агенцијата редовно известува дека навреме се преземени сите мерки за спречување на ширењето. Девет месеци по првиот регистриран случај во Делчевско, африканска чума е регистрирана на територијата на уште осум општини.

„Болеста првпат се појави во јануари во Источниот Регион во село Драмче кај домашните свињи. Таму се спроведе депопулација во заштитна зона и зоната под надзор. Во март болеста беше потврдена и кај 5 застрелани диви свињи во ловиштето Киселица, општина Делчево, како и кај пронајдени пцовисани диви свињи во ловиштата Вратиславци, општина Делчево. Во јуни, јули и во септември болеста е потврдена кај 4 пронајдени пцовисани диви свињи во ловиштето Каменица, општина Македонска Каменица. Во јули  повторно е забележана болеста кај домашната популација свињи во селата Моштица и Саса во општина Македонска Каменица. Во август африканската чума кај свињите се прошири во општините Кочани (Пресека, Мојанци, Тркање), во општина Виница (Виничка Кршла), потоа во Чешиново – Облешево (Облешево и Уларци). Во септември болеста беше констатирана во општина Карбинци (Карбинци) и во Штип (Ново Село). На крајот од септември болеста беше потврдена кај домашни пцовисани свињи, кои беа пронајдени на депонија во близина на с. Липково, а лабораториски беше потврдена и во една одгледувачница во Куманово“, објаснуваат од АХВ.

За заштита на животните од ширење на болеста, АХВ спроведува контролни и заштитни мерки, односно по секој нов потврден случај, се врши попис на одгледувачниците, идентификација на свињите и земање мостри за лабораториско испитување, дезинфекција и воспоставување заштитана зона во радиус од три километри, како и зона под надзор во радиус од 10 километри.

Во жариштето нештетно се отстрануваат сите пцовисани и присутни свињи на фармата. Забрането е движење на свињите во и од заштитната зона, а од зоната под надзор дозволено е движење на свињите само за колење во однапред определени и одобрени кланици со кои Агенцијата за храна и ветеринарство има склучено договор и каде што задолжително се земаат мостри за тестирање на африканска чума кај свињите и се спроведуваат други мерки, како што е и забраната за промет на отворено.

По потврдениот случај во Липково кога граѓани пријавиле три пцовисани свињи на депонија, мостри за испитување се земени и во селата Умин Дол, Ново Село и Љубодраг во Кумановско.

Би можело да ве интересира

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

Орце Костов

АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“, производот не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден

Повлечен од продажба небезбеден чипс од Косово

Кај дивите свињи на Шар Планина откриена е болеста африканска чума

АХВ: Засилени контроли на рокот на производите во новогодишните пакетчиња

Орце Костов

Салмонела нема ниту во храната, изворот на заразата во училиштата во Карпош дополнително ќе се утврдува