Продолжуваат контролите на зелените пазари

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека ќе ги продолжи засилените вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, чија цел е, како што наведува, „сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови, без потекло, најчесто од препродавачи кои тргуваат надвор од организираните пазарни простори“.

– Минатата недела, во рамките на акциите спроведени на скопскиот „Зелен пазар“ и на пазарот во населбата Ѓорче Петров, запленети и уништени се над пет тони небезбедна храна. Станува збор главно за овошје и зеленчук, кои нелегално се продавале надвор од пазарот, со што директно ја загрозуваат безбедноста на потрошувачите, но и ја нарушуваат конкуренцијата на пазарот на штета на примарните земјоделски производители и легалните трговци – информира АХВ.

Контролите се спроведуваат во координација со комуналната инспекција на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, со цел спречување на нелегалната трговија и обезбедување законски услови за продажба на храна.

– Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилените контроли и во наредниот период на разни локации во Скопје и во државата. Целта е заштита на здравјето на потрошувачите, спречување на прометот со небезбедна храна и создавање фер услови за работа на легалните трговци и примарните земјоделски производители – посочува АХВ во соопштението.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

АХВ: Три позитивни случаи на вирусот на западнонилска треска кај угинати гаврани

A1on