Одржан првиот состанок на Координативното тело за справување со африканската чума кај свињите

Од:

Во својство на претседател, денес, во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство (МЗШВ), директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, ја одржа првата седница со членовите на Координативно тело за подобрување на институционалната координација и преземање на мерки за справување со африканската чума кај свињите, кое беше формирано со одлука на Владата на Република Северна Македонија.

-Стабилна е состојбата со болеста од потврдувањето на последниот случај во Облешево на 12 овој месец, односно, за среќа засега нема потврдена појава на ново жариште. Сите жаришта со потврдени позитивни случаи се затворени, во 3 целосно се спроведени мерките за депопулација. Заклучно со вчерашниот ден, во зоните од 3 километри убиени и нештетно отстранети се 1305 свињи.

Во координација со МЗШВ, локалните самоуправи, здруженијата на одгледувачи на свињи, ветеринарната комора, Факултетот за ветеринарна медицина и останатите институции, во заштитните зони од 3 километри и во зоните под надзор во радиус од 10 километри околу жариштата, без проблеми се спроведуваат наредените мерки согласно Решенија на АХВ и утврдената динамика. Мерките за активен и пасивен надзор на болеста африканска чума кај свињите се спроведуваат на целата територија на државава – истакна директорот Бабовски објаснувајќи ја моменталната состојба со болеста во земјава.

За да се стави под контрола ширењето на вирусот и да се спречат економските загуби на одгледувачите на свињи, особено на комерцијалните фарми, додаде тој, неминовно е да продолжи соработката во спроведувањето на мерките од страна на сите вклучени чинители во секторот, за што беше изразена подготвеност од членовите на Координативното тело.

-Донесен е заклучок, Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), во најкус можен рок до Владата да предложат формирање на Интервентен наменски фонд со предлог буџет, со цел брзо и навремено спроведување на мерките за контрола и искоренување на африканска чума кај свињите. Ловечката федерација да преземе мерки за итна максимална депопулација на дивите свињи како резервоар на вирусот на болеста, на територијата на целата земја, според акционен план дефиниран меѓу МЗШВ и АХВ, со посебен приоритет на регионите кои граничат со регионите под заштита и надзор, во временски период од 01.09.2022 до 30.04.2023 година. Паралелно со засилениот отстрел да се врши и пребарување на теренот за пронаоѓање на угинати диви свињи – се дел од заклучоците кои ги донесе денес Координативното тело, потенцира Бабовски.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со исплата на сточарите за одземените и угинати свињи. Царинската управа, додаде тој, согласно заклучокот на координативното тело, на граничните премини и на аеродромите треба да ги интензивира контролите на личниот багаж на патниците при влез во државата и на дневна основа да ја известува Агенцијата за храна и ветеринарство за количината и видот на запленетите производи од животинско потекло, како и истите нештетно да ги отстранува. АХВ, беше заклучено на првиот состанок на Координативното тело да спроведе информативно – едукативна медиумска кампања за болеста африканска чума кај свињите, за што како што информира првиот човек на АХВ, активностите се веќе започнати.

-Континуирано ќе продолжи процесот на попис на свињите во општините кои се прогласени за зони под заштита и зони со под наздор, но и на сите соседни општини, а итна депопулација согласно заклучоците, ќе треба да се спроведе на сите одгледувалишта во радиус до 10 километри околу големите свињарски фарми, доколку не ги задоволуваат високите норми на биосигурност. Факултетот за ветеринарна медицина и Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, во соработка со сите засегнати чинители, а особено АХВ, МЗШВ со соодветните оддели, Ловечка Федерација, Ветеринарната комора и здруженијата за свињарство и други, треба да изготват Стратегија со конкретен акционен план за долгорочно справување со африканската чума кај свињите во наредните 5 до 10 години – заклучи Бабовски.

Би можело да ве интересира

Кај дивите свињи на Шар Планина откриена е болеста африканска чума

Изгорено грло, повраќале крв откако испиле флаширани пијалоци во Хрватска – ги има ли и во Македонија?

АХВ: На нашиот пазар нема небезбедни минерални води и газирани пијалаци

Трипуновски: Африканската свинска чума се шири со епидемична брзина

АХВ: Граѓаните совесно да купуваат додатоци во исхраната преку интернет – прво да проверат дали се регистрирани

Горан Наумовски

АХВ повлече од продажба неколку производи – не ги конзумирајте

А1он