Дел од ѕид падна од зграда и за малку ќе паднeшe врз две момчиња денеска, веднаш по невремето што го зафати Нови Сад.
Како што може да се види на видеото што го објави страницата на Инстаграм „serbialive_novisad“, две момчиња денеска се шетале низ преминот меѓу зградите, кога дел од зградата за малку ќе паднал врз нив.
Инцидентот, кој, како што се наведува на страницата, се случил на улицата Стеван Мокрањац е снимен од камера на автомобил.
Момчињата успеале навреме да се засолнат и трагедијата била избегната.
Денеска во Нови Сад падна град, а РХМЗ издаде итно предупредување за Војводина.
Вечерва се очекува посилно невреме пропратено со урагански ветрови и град и со нагло опаѓање на температурата за 10-15 степени.