Македонија со 794 милиони долари странски инвестиции, Србија на врвот со 4,6 милијарди долари

Од:

Србија е на врвот, а Босна и Херцеговина е на дното меѓу балканските земји по износот на странски инвестиции во изминатата година.

Ова се наведува во извештајот на Агенцијата на Обединетите нации за економска и трговска организација (UNCTAD), пренесува Investor.

Во Србија минатата година се инвестирани околу 4,6 милијарди долари, потоа во Албанија 1,4 милијарди, Црна Гора со 877 милиони, Северна Македонија со 794 милиони и Босна и Херцеговина со 661 милион долари.

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали неодамна изјави дека Србија заклучно со 20 јуни годинава привлекла повеќе од 1,9 милијарди евра директни странски инвестиции.

„Заклучно со 20 јуни годинава привлековме повеќе од 1,9 милијарди евра странски директни инвестиции, лани тие изнесуваа 4,4 милијарди евра, пред тоа 3,9 милијарди, а во 2020 година 3,8 милијарди евра Станува збор за милијарди евра што доаѓаат во нашата земја секоја година. Тоа се нови фабрики, погони, нови технологии, нови искуства за нас и начини за изградба на одржлива економија и причина зошто имаме позитивни стапки на раст“, ​​рече Мали.

Би можело да ве интересира

Власта ќе им дава повеќе помош на странските фирми што ќе вложуваат во неразвиените региони

Жарко Настоски

Американската HTEC Group го претстави планот за инвестиција во ИТ-секторот

Жарко Настоски

Анѓушев: Јас не го контролирам Парламентот, канцелариите за странски инвестиции ќе бидат отворени кога законот ќе помине на Парламент

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Заев: Политичката и економската стабилност ја донесе германската компанија Гересхајмер која ќе отвори 400 работни места

Кина ќе инвестира 20 милијарди долари во Србија до 2025 година

СДСМ: Рекордниот износ на странски инвестиции во 2018 е уште една потврда за успешноста на економските политики на Владата

Сандра Бошковска