Анѓушев: Јас не го контролирам Парламентот, канцелариите за странски инвестиции ќе бидат отворени кога законот ќе помине на Парламент

Од:

Нема конкретен рок за отворање на трите канцеларии за привлекување странски инвестиции и покрај најавите дека ќе бидат отворени до крајот на годината. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денес рече дека отворањето е извесно, но се чека законот да помине на Парламент.

„Канцелариите чекаат да помине законот за ТИРЗ каде што е предвидено да бидат отворени, па тоа да ги отвориме. Има обезбедено  буџетски средства за нив и ќе бидат отворени. Законот треба да помине во Парламент, јас Парламентот не го контролирам“, одговори вицепремиерот Анѓушев на прашањето кога ќе бидат отворени најавените канцеларии.

На почетокот на годинава тој најави дека до крајот на годината Владата ќе отвори три регионални канцеларии за привлекување странски инвестиции. За тоа беа предвидени 500.000 евра во буџетот за 2019 година, а според најавите, канцеларии требаше да бидат отворени во САД, во Германија и една на Блискиот Исток. Задача на канцелариите ќе биде да донесат странски инвестиции во земјава, но и промоција на македонските производи за извоз.

Трите канцеларии треба да бодат замена за економските промотори кои по истекување на мандатите беа повлечени од земјите во кои беа испратени за привлекување странски инвестиции. Вицепремиерот Анѓушев најавувајќи ги канцелариите објасни дека во нив ќе работат 30 луѓе и трошоците за нив ќе бидат неспоредливо помали со трошоците што ги правеа 40 економски промотори испратени во 40 земји од претходната власт.

Би можело да ве интересира

Анѓушев: Силно ги негирам сите сомневања изразени од Стејт департментот, ќе ја обжалам одлуката

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако – обединување на стопанството, ЗЕК, силни партнерствава, градење кадри

СКСМ: Награди за КИФ, Анѓушев и регионалните комори во Битола и Прилеп

Македонија со 794 милиони долари странски инвестиции, Србија на врвот со 4,6 милијарди долари

Предраг Петровиќ

Анѓушев на европски форум за енергија во Атина: Потребни се технички решенија за енергетската криза

Власта ќе им дава повеќе помош на странските фирми што ќе вложуваат во неразвиените региони

Жарко Настоски