ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Од:

Градоначалниците од општина Кисела Вода и општина Аеродром да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено поради тоа што веќе e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина, соопштија од депонијата Дрисла.

„Имено, ниту општина Аеродром, ниту општина Кисела Вода немаат потпишан договор со ЈП депонија Дрисла Скопје бидејќи истиот им е истечен во март месец.

Се поставува прашањето, каде го фрлале сметот овие две општини во изминатите месеци ако немаат договори со ЈП депонија Дрисла Скопје, единственото предвидено место за одложување на отпад? Дали креирале и колку диви депонии креирале? Колку од дивите депонии кои ги исчисти градот Скопје повторно се претворени во хаос со отпад?“, стои во соопштението од ЈП Депонија Дрисла.

Би можело да ве интересира

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Нови директори: Трпковски во „Дрисла“, Кроневски во „Градски паркинг“

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он