Стевчо Јакимовски подготвува бетонизација кај студентски дом „Гоце Делчев“: Дали вреди за три згради да ни се уништи животот, прашуваат жителите

Од:

Спроти студентскиот дом Гоце Делчев се подготвува голема бетонизација на единствениот парк со фонтана, урбана опрема и игралишта за деца, обвинуваат жителите на населбата, а утре на седница на Советот на Општина Карпош ќе се гласа Деталниот урбанистички план Ј03 блок 02 според кој на тоа место ќе никнат згради.

„Спроти студентскиот дом Гоце Делчев се спрема гласање за голема бетонизација на единствениот парк со фонтана, урбана опрема и игралишта за деца кој пружа разонода и релаксација за над 100 згради и куќи во радиус од 5пет километри. Утре во 10 часот наутро во просториите на факултетот за Туризам и менаџмент ќе биде ставена под трета точка за гласање како предлог.

Паркот го користат најмногу најмладата и најстарата популација и е од голем бенефит за целата населба.

Ние како граѓани сме спремни да си го браниме паркот со протести ако треба во часовите со најголема фрекфенција, односно спремни сме да го блокираме булеварот и раскрницата на него“, велат жителите во писмото испратено до редакцијата на „А1он“.

Според нив, се работи за криминална промена на урбанистички план во Општина Карпош од страна на сегашниот градоначалник Стевче Јакимовски и дека ова се прави со цел да се добие сообраќаен пристап за градежна парцела на која се наоѓа маркица за градење на четири згради.

„Овој план содржи сервисна улица пред зградите од булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’, од број 149 до фабриката ‘Реплек’. Тоа е зелениот појас кој почнува од спротива на старата болница ‘Систина’ до ‘Реплек’, преку улица на студенскиот дом ‘Гоце Делчев’. Тука има игралиште за деца и фонтана и шеталиште за жители од 17 згради. А зад зградите на булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’, т.е. на улицата ‘Јуриј Гагарин’ каде што има паркинг за зградите и куќите, во план е да се прави сервисна улица до ‘Реплек’.

Ова се прави со цел да се добие сообраќаен пристап за градежна парцела на која се наоѓа маркица за градење на 4 згради. Една зграда е со 11 ката и поткровје, една со 7 ката и поткровје и две згради со 6 ката и поткровје.

Се уништува зеленило со километри и се заменуваат паркинг места за 17 згради и 50 куќи со сервисна улица.
Прашања до градоначалникот Стевче Јакимовски и до советниците кои ќе гласаат за овој предлог – Дали за ова ве избравме? Дали го заслужуваме ова? Дали вреди за 3 згради и профит за два-тројца да се уништува животот на 3.000 жители од ‘вашата’ oпштина?“, прашуваат незадоволните граѓани на Карпош до Советот и до градоначалникот Стевчо Јакимовски

Тие утре ќе поднесат потписи за бришење на точката од дневен ред, а најавија и присуство на седницата на Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Јакимовски: ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓиевски се надева дека градоначалниците на Струмица и на Карпош ќе се вразумат

Јакимовски најави дека ќе го напушти ЗЕЛС „ако продолжи теророт од власта“

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски

Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“

Горан Наумовски