Нова крвична пријава за Стевчо Јакимовски

Од:

Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција во координација и содејство со СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал постапуваше по издадена Наредба од ОЈО Скопје и по преземени мерки и активности до ОЈО Скопје достави кривична пријава против Благица Блажевска за четири кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 од КЗ, Симона Серафимовска Ѓуреска за две кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 од КЗ и против екс-градоначалникот на Карпош и актуелен лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в од КЗ.

Имено, првопријавената како Раководител на Сектор за урбанизам во Општина Карпош во содејство со второпријавената како вработена во истиот сектор ја злоупотребиле својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност на начин што иако знаеле и биле свесни дека издадениот Извод од план од страна на општината за ДУП кој претходно бил укинат со Одлука од 2018 година од Уставен Суд на РМ и дека за истото од страна на третопријавениот како Градоначалник на Општина Карпош биле дадени насоки да не се издаваат изводи од планови, одобренија за градење и слично за ДУП кои се укинати од Уставниот суд, како и дека претходно два пати го одбивале барањето за издавање на одобрение за градење од инвеститорите поради истите и други причини, откако прво третопријавениот потпишал договори со инвеститорите за регулирање на надоместокот за уредување на градежно земјиште без да изврши увид дека тие договори се однесуваат на барања поднесени за локација за која бил укинат ДУП и за кои самиот дал насоки да не се издаваат одобренија за градење, прво и второ пријавените на ден 23.07.2025 година на инвеститорите им издале Одобрение за градење, со што им овозможиле на инвеститорите противправно да се стекнат со право на изградба на објект во вредност од 10.427.518,00 денари.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски – предметот се враќа на повторно одлучување

А1он

Одложено одењето во затвор на Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски доби упатен акт за во затвор, а сѐ уште ја чека пресудата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски