Стевчо Јакимовски доби упатен акт за во затвор, а сѐ уште ја чека пресудата

Од:

На екс градоначалникот на општина Карпош – Стевчо Јакимовски му е врачена покана за во затвор, а вели дека сѐ уште не му е доставена пресудата.

Тој денеска на прес-конференција рече дека на ваков начин му се одолговлекува времето за жалба до Врховниот суд.

„Осуден сум на едногодишна затворска казна за поставување времена градба која што служела на граѓаните на Карпош 13 години, која не направила никому штета туку направила корист за општина Карпош повеќе од 1,5 милиони евра. Оние што ја донесоа пресудата и оние што ја направија оваа работа се потрудија во четвртокот околу 14 часот да го добијам упатниот акт за одење во затвор во Шуто Оризари на 2 јули оваа година, а можете ли да замислите до каде оди некоректноста, до ден денес сѐ уште немам добиено пресуда. Веројатно тие мислеле дека пресудата ја има оној кој што треба и тој што ја нарачал, а тоа е Христијан Мицкоски и дека таа мене не ми е потребна“ – рече Јакимовски.

Упатниот акт за во затвор е издаден за 2. јули, па Јакимовски треба тогаш да се јави на издржување на казната во затворот во Шутка.

Скопска Апелација во вторникот соопшти дека ја потврди едногодишната затворска казна на Јакимовски за кривично дело бесправно градење кое се однесува на бараката во која до лани беше сместена општина Карпош.

Јакимовски смета дека правосилноста на пресудата е за да биде спречен да се кандидира за нов мандат во општината, бидејќи како што вели, ќе има нови избори поради боледувањето и отсуството на актуелниот прв човек на општината, Сотир Лукровски.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

ВИДЕО: Да беше Пинокио, носот ќе ти удреше во крстот на Водно, Јакимовски за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите