Одложено одењето во затвор на Стевчо Јакимовски

Од:

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, засега нема да ја започне издржувањето на затворската казна во КПУ „Скопје“ во Шуто Оризари, иако требаше да се јави на 2 јули.

Од Кривичниот суд информираат дека Јакимовски поднел барање за одложување на извршувањето на казната поради здравствени причини, а постапката е во тек. Судијата за извршување санкции побарал проверка на приложената медицинска документација пред да донесе одлука.

„Судијата за извршување санкции по приемот на барањето веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација. До двете приватни здравствени установи кои ја издале документацијата се доставени барања за проверка на 15.06.2026 година, како и ургенција на 26.06.2026 година. По овие барања сè уште се чека одговор, по што ќе може да се донесе соодветна одлука“, соопштија од Судот.

Јакимовски неодамна беше правосилно осуден на една година затвор со пресуда на Апелацискиот суд, во предметот поврзан со изградбата на општинската зграда на Општина Карпош.

Во изречената казна му се пресметува и времето што го помина во притвор, односно пет месеци, што значи дека доколку започне со издржување на казната, ќе треба да одлежи уште околу седум месеци.

Би можело да ве интересира

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

Врховен објасни зошто е укината пресудата за Јакимовски: Судовите не утврдиле дали за објектот била потребна дозвола

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда