Млад битолчанец се обиде да го симне бугарското знаме кое се вее над културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.
Додека некој го снима од далечина, момчето се обиде да се поткачи на ѕидот покрај влезот на бугарскиот клуб, но пред да го дофати знамето, загуби рамнотежа и падна на грбот од височина од два-три метри.
Бугарскиот центар „Иван Михајлов“ не функционира повеќе од два месеца откако беше избришан како субјект во Централен регистар со решение од министерот за правда затоа што неговото име не е во согласност со новиот Закон за регистрација на здруженија.