Европската ракометна федерација (ЕХФ) му изрече суспензија на Драган Начевски, првиот човек на судиите во Европа. Тој е предводник на Натпреварувачката комисија, поранешен истакнат судија, а сега делегат во европски ракометни рамки.
ЕХФ се одлучи на овој потег откако, ТВ 2 доставила видео документи од јануари 2020 година во кои е снимен состанокот на македонскиот делегат со наводен бизнисмен во кој се разговарало за влез на кинески тим во СЕХА лигата. Како дел од тој разговор била отворена и темата за местење на натпревари, а ЕХФ почуствувала дека при тие разговори Драган Начевски не се дистанцирал доволно од темата. ТВ2 им потврдиле на органите на ЕХФ дека Драган Начевски во тој разговор неколку пати директно одбил да учествува во местење на ракометни натпревари соопшти ЕХФ.
Поткрепа на тврдењата, ТВ2 добиле и од поранешен ракометен судија кој наводно преку посредник добил понуда да влијае на натпревар.
Во официјалното соопштение на Европската куќа на ракометот се вели тој во јануари 2020 година имал состанок со неименуван бизнисмен, кого го убедувал дека може да внесе кинески тим во СЕХА лигата. Тој преку трето лице го прашал и дали сака да намести ракометен натпревар.
ЕХФ привремено го суспендирала Драган Начевски, со намера овој случај комплетно да биде расчистен, а сите докази и тврдења се дадени на толкување и расветлување кај австриската полиција.