Фудбалерите на Македонија ЃП се освојувачи на трофејот во Купот на Македонија откако на пенали славеа против со 2-0, или вкупно 3-1.
По голема борба во регуларниот тек, мечот заврши 1-1, а по продолженијата не се промени, па финалето се решаваше со удари од белата точка.
Таири и Мишевски не погодија на почетокот, а потоа Радевски ја погоди гредата. Личина успеа да го надмудри Ќосевски, а Незири повторно ја погоди гредата.
Филип Алексовски не реализираше, но и Стевковски го одбрани шутот на Шабани. На крајот, Емир Скендери победи за конечни 2-0 после пенали.
Македонија ЃП поведе исто така од пенал, со голот на Филип Мишевски во 28.минута.
Кристијан Стојковски имаше убава можност за втор гол за “лавовите” на почетокот на вториот дел, но шутираше над голот.
Струга ТЛ израмни со погодокот на Фатјон Јусуфи во 77.минута.