ВИДЕО: Османи и МНР се уште молчат за коментарите дека Гоце Делчев и Ѓорче Петров се бугарски херои

Од:

Ниту нота, ниту став ниту било каква реакција од министерот Бујар Османи за скандалозните коментари од новинарите на бугарските телевизии и гледачите на трибините кои ги навредија фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров и ракометарите на македонската младинска репрезентација.

Пред една недела коментаторот на бугарската телевизија „Б1б“, Митко Тодоров, откако македонските ракометари ја испеаја химната пред мечот со Украина на првенството во Варна, коментираше дека „пеењето на химна со бугарските херои Даме Груев и Гоце Делчев е срамно и патетично“.

Четири дена подоцна бугарските навивачи на стадионот „Бугарска армија“ во Софија им скандираа на фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров „Бугари, Бугари“ што е очигледен говор на омраза, а МНР не се помрдна со прст за да ги заштити македонските спортисти. Османи не реагираше ниту на скандалозните коментари во кој водителот на ТВ преносот вели дека Ѓорче Петров бил бугарски револуционер.

Билатералниот протокол кој го потпишаа Османи и Генчовска предвидува борба против говорот на омраза на двете страни од границата и тоа беше едно од клучните бугарски барања во преговорите, но досега реакциите стигнуват само од Софија. Меѓу нив и нотата од бугарската министерка Генчовска за протестите против францускиот предлог.

„Државите ја потврдуваат обврската за преземање на мерки против секој вид на говор на омраза и ги определуваат министерствата за надворешни работи за контакт и за информирање на надлежните институции за заедничко идентификување на такви случаи, во написи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор.

Државите ќе создадат, без одложување, соодветна процедура и конкретни чекори за преземање на брзи и ефективни мерки при идентификување на такви случаи. Двете држави ќе преземат ефикасни мерки за превенирање на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности, кои би наштетиле на нивните односи“, стои во билатералниот протокол.

Говорот на омраза може да се спречи само ако сите засегнати страни реагираат и работат на тоа, а не само една, смета комуникологот Бојан Кордалов.

– Говорот на омраза е проблем кој ги разјадува сите општества, ги закрвува луѓето, создава дела од омраза од кои на крај ниеден човек нема да биде поштеден. И токму затоа орбата против дискриминацијата, говорот на омраза и сличните негативни појави мора да доаѓа од сите страни и сите релевантни општествени чинители во Македонија, Бугарија, како и сите земји од регионот. Политичарите мора да разберат конечно дека нема да изградат повеќе ниту успех, нити среќа на туѓиот неуспех и несреќа. Говорот на омраза бара заедничко, регионално решение, напори на сите влади и заедничка осуда и преземање дејства против сите поединци кои го шират и придонесуваат луѓето меѓу себе да се мразат, тепаат, убиваат… Ако се користи за дневна политика, говорот на омраза ќе биде проблем број еден на Балканот и тоа нагласувам, во секоја земја – вели Кордалов за „А1он“.

На провокациите од навивачите досега не одговорила ниту УЕФА иако делегатот на меѓународниот натпревар во Лигата на Европа тоа го забележал.

Фудбалската федерација на Македонија го осуди однесувањето на навивачите и испрати апел за фер плеј во спортот без национализам и говор на омраза.

Би можело да ве интересира

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Катерина Ѓуровски

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов