Поранешните шампиони Македонија ЃП и Работнички испаднаа од фудбалската елита

Од:

Во завршницата на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, битката за опстанок практично доби епилог, откако Македонија Ѓорче Петров и Работнички ги загубија шансите да останат во елитата и заедно со Шкупи се селат во второлигашка конкуренција.

Македонија ЃП на домашен терен беше убедливо поразена од Тиквеш со 1-4. Гостите од Кавадарци уште во првото полувреме направија солидна разлика, со погодоци на Окере и Сила, а во вториот дел ја потврдија доминацијата со уште два гола.

Во Струмица, Брера Струмица и Работнички одиграа 2-2 во дуел полн со пресврти. Работнички поведе уште во 2. минута преку Дитмир Хоџа, но само минута подоцна Никола Величковски израмни.

Истиот фудбалер подоцна беше клучен и во пресвртот за Брера, но во 45. минута не реализираше пенал. Во второто полувреме Работнички успеа да се врати во игра, а конечните 2-2 ги постави Јован Бошнаков во 85. минута.

Во Гостивар, Арсими и Башкими одиграа нерешено 1-1, со што беше комплетирано 31. коло од шампионатот, а до крајот остануваат уште две рунди.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Османи и МНР се уште молчат за коментарите дека Гоце Делчев и Ѓорче Петров се бугарски херои

A1on