Ќе се работи 60 часа неделно на сите владини проекти, не само на „Бехтел и Енка“

Од:

Владата усвои пет нови предлог закони кои ќе се носат со европско знаменце за да се забрза постапката во Собранието а со тоа и почетокот на изградбата на коридорите 8 и 10 кои ќе ги изведува „Бехтел и Енка“.

– При скенирањето на нашиот систем, беше увидена можност автопатите да се реализираат побрзо временски и поевтино и нашите институции да бидат поефикасни. Наместо да чинат 1,5 милјарда евра, со сегашното актуелно законодавство има можност да чини поевтино 1,3 милијарда евра. Овие закони ги бараме ние како институции, не „Бехтел и Енка“, за поефикасен систем на градење, не само на автопатите, туку и на гасоводи и на железници – рече Артан Груби.

Владата понудила да се разгледаат измените на било која комисија која ја предводи опозицијата. Имајќи ја предвид блокадата на опозицијата, Владата на денешната седница усвои пет предлог закони кои ќе ги достави до пратениците.

– Со оглед на тоа дека ЕУ го стави коридорот на својата мапа на автопати, а има јавна дебата во собранието и во меиумите, одлучивме законите да се предложат со европско знаме. Ги замолуваме пратениците да не го поскапуваат овој проект за 150 милиони евра. Од нив зависи дали ќе се гради побрзо и поевтино или побавно и поскапо – додаде првиот вицепремиер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Заврши куќниот притвор на Артан Груби

Катерина Ѓуровски

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

На Груби куќниот притвор му завршува за една недела, приложи гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителните мерки