Заврши куќниот притвор на Артан Груби

Од:

Поранешниниот вицепремиер Артан Груби, кој е второобвинет во случајот „Државна лотарија“, денеска излегува од домашен притвор, бидејќи истекува максимално предвидениот законски рок на оваа мерка.

Неговата одбрана во меѓувреме достави барање до судот за укинување и на дополнителните мерки на претпазливост, а како гаранција дека тој ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка понуден е недвижен имот вреден 335.707 евра.

На Артан Груби, покрај куќниот притвор, му е определена и мерка привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница.

– Обвинителниот предлог, по кој е заведен кривичниот предмет, е поднесен на 13 октомври 2026 година. Во согласност со член 470 од Законот за кривичната постапка, притворот може да трае најдолго 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Поради тоа, како што беше посочено и претходно, а тоа беше потенцирано и од страна на судијата кој постапува по предметот, по сила на законот мерката куќен притвор за овој обвинет истекува на 13 октомври 2026 година. Воедно, покрај мерката куќен притвор, против обвинетиот е определена и дополнителна мерка на претпазливост, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница, која ќе продолжи да важи и по истекот на законски предвидените 60 дена. Во однос на оваа мерка на претпазливост, одбраната до судот достави предлог, со кој, во согласност со член 150 од Законот за кривичната постапка, предлага нејзино укинување со определување гаранција. Имено, одбраната понуди недвижен имот во вредност од 335.707 евра како гаранција дека обвинетиот ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка. По понудената гаранција, оформен е предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство. По добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот и ќе ја извести јавноста – информираа од Основниот кривичниот суд – Скопје.

Артан Груби е обвинет во предметот „Државна лотарија“ за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Обвинението против него и уште седум лица беше поднесено на 13 август 2026 година. Груби на судењето се изјасни за невин.

Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од 14 месеци недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин Блаце.

Би можело да ве интересира

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

На Груби куќниот притвор му завршува за една недела, приложи гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителните мерки

Првиот сведок на Обвинителството сведочеше контра обвинението во случајот „Државна лотарија“

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“

Миланов: „Казино Аустрија“ нема ексклузивитет за автоматите, набавката на апаратите е целосно законска

Продолжува судењето за „Државна лотарија“