На Груби куќниот притвор му завршува за една недела, приложи гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителните мерки

Од:

Поранешниот вицепремиер Артан Груби за една недела, на 13 октомври, ќе излезе од куќен притвор, бидејќи тогаш истекува законскиот рок за оваа мерка.

Сепак, и по истекот на куќниот притвор ќе останат во сила мерките на претпазливост, меѓу кои и привременото одземање на пасошот и забраната за преминување на државната граница.

Обвинителниот предлог по кој е заведен кривичниот предмет е поднесен на 13 август 2026 година, а согласно Законот за кривичната постапка, притворот може да трае најмногу 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог.

Од Кривичниот суд информираат дека поради тоа мерката куќен притвор за обвинетиот истекува на 13 октомври 2026 година, што претходно било посочено и од судијата кој постапува по предметот.

Покрај куќниот притвор, на обвинетиот му е определена и дополнителна мерка на претпазливост – привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница. Оваа мерка ќе продолжи да важи и по истекот на 60-дневниот рок.

Одбраната до Судот доставила предлог за укинување на оваа мерка со определување гаранција. Како гаранција бил понуден недвижен имот во вредност од 335.707 евра, со цел да се обезбеди присуството на обвинетиот во текот на кривичната постапка.

По понудената гаранција е оформен предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство.

„По добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот, а за донесената одлука странките и јавноста ќе бидат навремено известени“, соопштија од Кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

Видеолотарија Казинос Австрија ја поддржува уметноста: „Дамата со камелии“ на сцената на Националната опера и балет

Одбраната на обвинетите во „Лотарија“ тврди набавката на ВЛТ-апаратите е потврдена со финансиските планови и планот за јавни набавки

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври

Катерина Ѓуровски

Работење без лиценца, спорни милионски влогови во фирмите за онлајн коцкање на Државна лотарија

Катерина Ѓуровски

Среќни ВЛТ вести: Битолчанец освои супер милионер вреден 6.815.331 денари

Катерина Ѓуровски