Лепа Брена, покрај блескавата и повеќедецениска кариера, позната е и по урнебесните падови на кои низ смеа зборува во телевизиските гостувања.
Пејачката неколку пати паѓаше на бројни настапи, а ја освои и титулата „кралица“ на падовите, а сега доживеа нов пех. Последните неколку месеци таа соработува со колешката Сенида со која на 2 јуни ќе одржи концерт на Калемегдан, а за време на фотографирање во студио Брена изгубила рамнотежа. Пејачките позираа, по што следуваше падот.
Прво Брена почна да паѓа и ја повлече Сенида со себе и двете завршија на земја. Тие се насмеаја, а потоа продолжија со снимањето, а урнебесното видео брзо заврши на социјалните мрежи.