(ВИДЕО) 160 евра помош за семејствата на осудените од 27 април од општина Битола: „Класичен поткуп и омаловажување“, обвинија од Левица

Од:

По 10.000 денари ќе добијат семејствата на осудените за упадот во Собранието од 27 аорил 2017 година, одлучи Советот на општина Битола на денешното продолжение на седницата со која претседаваше Марица Тодоровска како најстар советник.

Во образложението на одлуката се користеше формулацијата „неоправдано осудените“, а за одлуката гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои имаа мнозинство со двајцата советници на Левица и советничката на ДОМ.

Советничката на ДОМ се иззема од гласањето и рече дека Советот не е суд за да каже кој бил праведно или неправедно осуден.

„Имав забелешка околу формулацијата – ’неправедно осудените’. Сметам дека на оваа точка не е и местото во општина Битола и поради тоа ќе се изземам од гласањето“, истакна Анастасија Трајковска, советничка од ДОМ.
Левица ја оцени иницијативата за најлицемерна досега.
„Оваа точка е најлицемерната точка во историјата на Советот. Зошто двете пратенички на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за амнестијата на овие исти осуденици во парламентот, за сега комитетот на ВМРО-ДПМНЕ да прати иницијатива истите тие семејства да добијат финансиска помош. Смешно е и жално да им дадеме по 10.000 денари по семејство. Тоа е класични откуп и омаложување на тие луѓе. Срамота е со општински пари да го правиме ова“, рече советникот на Левица која сепак гласаше за предлогот.
Ова продолжение се случи после политичкиот циркус од минатиот четврток откако претседателката на Советот, Габриела Илиевска ја прекина 76-та седница откако советниците на СДСМ ја напуштија салата без образложени зошто ја прекинува.
Илиевска не се појави да каже дали ќе се врати да претседава со Советот и дали ќе излезе од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Таа е дел од независната листа „Поинаку“ која брои тројца советници.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица