Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Од:

На заедничка прес-конференција, Христијан Мицкоски се обиде уште еднаш да ја продаде својата верзија на реалноста, фалејќи се дека „имаме подобар извештај од минатата година“ и дека Македонија бележи „најдобри резултати за реформи и раст“. Но, неговата самофалба доби непријатен демант од европскиот амбасадор Михалис Рокас, кој уште на почетокот од своето обраќање јасно порача: не е постигнат никаков напредок во борбата против корупцијата, велат од Левица.

– Тој експлицитно порача дека се потребни ефективни истраги и гонења, особено за корупцијата на високо ниво, конкретни антикорупциски мерки и заштита на независноста на судството. Ова не е дипломатска формулација за некаков иден предизвик, туку јасна констатација дека власта не испорачала резултати во еден од најважните столбови на демократската држава. Мицкоски можеше да зборува за раст и реформи колку што сака, но не можеше да ја премолчи непријатната оценката што стоеше меѓу него и европскиот амбасадор – нула напредок во борбата против корупција!

Трагикомично е што истиот тој Мицкоски пред само неколку дена тврдеше дека корупцијата е „политичка флоскула“ и прашуваше „каде има корупција?!“. Денес, на прес-конференција со европскиот амбасадор, доби одговор што не можеше да го контролира, релативизира или претвори во уште една самофалба.

Наместо да прашува каде е таа апстрактна корупција, Мицкоски нека погледне околу себе – во сопствените редови и во институциите со кои управува. Кога премиерот прашува каде е корупцијата, одговорот е поблиску отколку што сака да признае: таму каде што е неговата власт, твдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните две години, но сигурен сум ќе го надминеме

Левица поднесе четири законски измени за забрана на рекламирањето брзи кредити

Левица ја спори владината кошничка: Само 3.256 денари за сите режиски трошоци на четиричлено семејство

Мицкоски: Ние сме „фронт-ранери“ во реформската агенда, Албанија и Црна Гора не одат пред нас

Левица: Бараме итно ставање на дневен ред на законските измени за заштита од насилство врз жените

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ по желба олигарсите – на работникот му го одзедоа и достоинството, сега му ја меркаат и неделата