Се самоуби полицаец од Сомбор: сопругата пронашла проштално писмо

Од:

На излезот од градот Сомбор кон Суботица, пронајдено е телото на 40-годишниот Б.Ј., припадник на Полициското одделение Сомбор, известуваат српските медиуми.

Според неофицијални информации, се претпоставува дека се работи за самоубиство, извршено со службен пиштол кој бил пронајден покрај телото, пренесува српски Курир.

Од извори блиски до истрагата српските медиуми известуваат дека човекот оставил проштално писмо. Веднаш штом го пронашла, неговата сопруга ја известила полицијата која веднаш тргнала во потрага по нивниот колега, но не успеале да му го спасат животот.

Според неофицијални информации, полицаецот бил во големи долгови. Истрагата ќе утврди дали тоа го натерало да се одлучи да се самоубие, објави српски Телеграф.

Б.Ј. зад себе ги оставил сопругата и четирите деца.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија