Фудбалерите на Мароко остварија огромен успех на Светското првенство во Катар освојувајќи го четвртото место. Тие станаа првата африканска селекција која успеала да стигне до полуфинале на еден мундијал.
По враќањето во Рабат беа пречекани како херои, а имаа и свечен пречек кај кралот Мохамед шести кој им додели ордени за херојскиот настап.
Мароканските фудбалери добија и финансиска награда, а одлучија сите пари од учеството и пласманот на СП што ќе ги додели ФИФА да ги донираат за сиромашните луѓе во земјата.
Извор: Топспорт