Фудбалската репрезентација на Англија полесно од сите прогнози избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. Англија, во четвртото осминафинале на турнирот, го победи Сенегал со 3:0 (2:0).
Шампионите на Африка храбро му се спротивставија на фаворитот. Ја имаа контрлата врз топката и една одлична шанса во 32.минута, кога Пикфорд успеа да го одбрани ударот на Дија.
Во 38.минута, Англичаните, кои до тој момент ништо не покажаа, изведоа добра комбинација, Белингем асистираше, а Хендеросн го совлада Менди. Во тој момент играта на Сенегал целосно се распадна.
Селекцијата на Алиу Сисе направи неколку грешки за кратко време. Една таква аматерската грешка во третата минута од судиското надополнување на времето, отвори контранапад кој со гол го заврши Кејн.
Без идеја, Сенегал го отвори и второто полувреме. Анемичната игра на противникот во 57.минута казни, Сака.
Практично во тој момент натпреварот заврши.
Англија во четвртфиналето ја предизвика Франција. Натпреварот ќе се одигра на 10.декември во 20 часот.