Ѓедовиќ: Србија oд јануари ќе увезува струја од Азербејџан, пристига и кинеска опрема за нова ТЕ Костолац

Од:

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Негре изјави дека во Србија од јануари треба да започне увозот на струја од Азербејџан доколку се исполнат сите предуслови, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ова ќе обезбеди дополнителна сигурност на електроенергетскиот систем на Србија во зимските месеци, кога се очекува најголемо зголемување на потрошувачката на електрична енергија, изјави Ѓедовиќ за Вечерње новости.

Според неа, „количината на електрична енергија што може да ја испорача Азербејџан, која беше дефинирана во досегашните преговори, е 50 мегавати во преносен капацитет“.

-Во тек е усогласување на преостанатите прашања поврзани со преносот на енергија од таа земја, што треба да се реализира преку територијата на Турција и Бугарија, рече Ѓедовиќ.

Таа најави дека денес во Србија од Кина ќе пристигне последниот контингент опрема за изградба на новиот блок на телемоелектраната Костолац.

-Новиот блок, со моќност од 350 мегавати, е една од најголемите инвестиции во домашниот енергетски сектор и прва голема енергетска централа што ќе се изгради во Србија по речиси три децении, соопштија од Министерството за енергетика.

Како што се наведува, Србија ќе добие модерен, ефикасен блок кој ќе ги исполни сите европски еколошки критериуми и ќе ја зголеми безбедноста на енергетски систем на Србија на долг рок.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он