Бензема го пропушта Светското првенство

Од:

Францускиот репрезентативец Карим Бензема, и официјално најдобриот фудбалер на светот, ќе го пропушти Светското првенство во Катар.

Фудбалерот на Реал Мадрид ја обнови претходната повреда на бутниот мускул на тренингот на репрезентацијата. Искусниот член на „триколорите“ го повреди бутниот мускул на натпреварот од Лигата на шампионите против Селтик.

„Никогаш не се откажувам, не сум таков по природа, но во овие моменти морам да мислам на тимот“, изјави Карим Бензема.

Претходно, непосредно пред почетокот на Мундијалот, се повреди Кристофер Нкунку, а Дидие Дешамп не може да смета на уште неколку важни играчи како Н’Голо Канте, Пол Погба и Преснел Кимпембе.

Бензема за Франција одигра 97 натпревари и постигна 37 гола. Ова ќе биде прво Светско првенство по 1978 година, без најдобриот играч на светот за таа година.

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата