На стадионот „Еден“ во Прага вечерва се игра Супер купот на УЕФА. Тоа е дуел на актулните победници на Лигата на шампионите (Баерн) и на Лига Европа (Челзи).
Со цел да ја зголеми атрактивност на овој натпревар УЕФА реши организаторот (домаќин) да се менува, а не како што беше неколку години наназад да се игра во Монако. Така Прага ја доби честа да го организаира дуелот меѓу Баерн и Челзи.
Ова воедно ќе биде нова пресметка на тренерите Пеп Гвардиола (Баерн) и Жозе Мурињо (Челзи). Екпата на Челзи еднаш има триумф во 1998 година, додека Баерн сеуште е без трофеј во Супер купот.
Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот.