Путин ги укина руските санкции за голем број странски банки и инвестициски фондови

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за укинување на специјалните економски мерки, кои беа воведени во март како одговор на санкциите, за голем број странски инвестициски фондови и развојни банки.

Меѓу нив се Азиската инфраструктурна инвестициска банка, Меѓународната банка за економска соработка, Меѓународната инвестициска банка, Руско-киргистанскиот развојен фонд и Новата развојна банка БРИКС (НДБ).

Конкретно, тие нема да подлежат на постапката за трансакции утврдена со претседателскиот указ за посебни економски мерки од 1 март.

Покрај тоа, овие банки и инвестициски фондови се изземени од забраната за девизни трансакции кои вклучуваат давање заеми од руски резиденти на странски физички лица и депонирање на девизи од руски резиденти на сметки отворени надвор од Русија.

Азиската инфраструктурна инвестициска банка, Меѓународната банка за економска соработка, Меѓународната инвестициска банка, руско-киргистанскиот развојен фонд и Новата банка за развој, исто така, не подлежат на привремената постапка во однос на обврските на Русија и руските компании кон странските кредитори.

Исто така, се укинуваат и некои други ограничувања за споменатите развојни банки и инвестициски фондови, кои се наведени во мерките преземени како одговор на непријателските потези на САД и земјите и организациите што им се придружуваат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Русија ќе разговара за мирот во Украина само со легитимните лидери во Киев

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Контрамерка на Путин: Дозволи користење на американскиот имот како обештетување за Русија

ВИДЕО: Русија почна вежби со тактичко нуклеарно оружје

ВИДЕО: Војната во Украина е во брутална фаза

Катерина Ѓуровски

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област